Вчера околу 20:00 во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Теарце, го лишија од слобода Ј.Б.(51) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во 19:40 часот во селото физички ги нападнал својата сопруга и нејзината малолетна ќерка.

При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,85 промили алкохол во крвта. Исто така, при преземање мерки тој се однесувал агресивно и не ги почитувал наредбите на полициските службеници.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version