Притвор за осомничените за убиството на Данка, уапсени уште две лица
Двајцата комунални работници осомничени за убиството на двегодишната Данка Илиќ добија притвор, а српската полиција уапсила уште двајца под сомнение дека му помагале на еден од осомничените.
Српското МВР соопшти дека уапсени се 40-годишниот Д.Д. И 73-годишниот Р.Д. поради дека му помогнале на осомничениот за убиството на девојчето Д.Д. (50) да се премести телото од депонијата во околината на Бањско Поље на засега непозната локација на територијата на градот Бор во источна Србија. Двајцата добија притвор од 48 часа
Во меѓувреме, Вишото јавно обвинителство во Зајечар на 6 април соопшти дека донело наредба за отворање истрага против осомничените Ј.С. и Д.Д., поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „тешко убиство во соизвршителство“.
На предлог на обвинителството, судијата рано утринава им одредил мерка притвор до 30 дена поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и уништување или отстранување траги од извршување на кривично дело, како и поради вознемирување на јавноста.
За убиството на девојчето двајцата осомничени се вработени во јавното претпријатие „Водовод“ во Бор, кои со автомобил ја удриле Данка Илиќ, а потоа и го оставиле телото на депонијата, објави на 4 април српскиот министер за полиција Братислав Гашиќ.
Според него, тие го признале делото.
Гашиќ рече и дека полицијата ја продолжува истрагата бидејќи телото сè уште не е пронајдено.
Данка Илиќ исчезна на 26 март пред својата куќа во населбата Бањско Поље кај Бор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа