Close Menu
Press24
    Најново

    Како првиот ретрограден Меркур во 2026 ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

    25.02.2026 во 00:02

    Сијарто: Ќе се спротивставиме на украинската уцена до крај

    24.02.2026 во 23:31

    Пронајдени шест мигранти во возило на автопатот Скопје – Куманово

    24.02.2026 во 23:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Како првиот ретрограден Меркур во 2026 ќе влијае на вашиот хороскопски знак?
    • Сијарто: Ќе се спротивставиме на украинската уцена до крај
    • Пронајдени шест мигранти во возило на автопатот Скопје – Куманово
    • Жена од Индонезија уапсена во Скопје
    • Се обидел да си ги убие децата, па нападнал полицајци – МВР откри детали за ужас во Битола
    • Тренчевска: Куќниот притвор е уште една потврда дека има дил
    • Грција ја зголемува минималната плата
    • 30 камиони заглавени на Ќафасан: Блокада во Албанија ја парализираше границата со Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Прилепскиот економски факултет одбележа јубилејни 65 години посветено создавање кадри за стопанството

    Прилепскиот економски факултет одбележа јубилејни 65 години посветено создавање кадри за стопанството

    19.09.2025 во 21:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Да креираме современи политики и да градиме економија – конкурентна, одржлива и ориентирана кон идните генерации, порача заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, во рамки на свечената академија по повод 65 годишниот јубилеј на економскиот факултет во Прилеп.

    -Да создадеме стручни и компетентни кадри, кои не само од амфитеатрите, ќе учат и од практиката за да ги унапредиме јавните финансии, и развиваат институции кои ќе работат транспарентно, отчетно и во вистински интерес на граѓаните, рече Јанкуловски пред професорите, студентите и гостите на одбележувањето.

    Јанкуловски најави дека владата ќе работи на зголемување на платите на наставниот и другиот кадар, на зголемување на фондот за наука, за поттикнување на научно-истражувачката работа и на подобрување на студентскиот стандард.

    – Трудот, посветеноста, знаењето создаваат резултати кои ја движат нашата држава напред и ја отвораат вратата од нови можности и подобра иднина, рече Јанкуловски.

    Деканката на Економскиот факултет, Драгица Оџаклиеска рече дека на прилепскиот економски факултет досега дипломирале 7 751 студент, магистирале 667 студенти и 104 студенти станале доктори на науки.

    – Наставно-образовниот процес ги следи современите трендови во развојот на науката во земјата и светот и секогаш се грижи да биде во функција на студентите, на бизнис секторот и на пошироката општествена заедница, рече Оџаклиеска.

    Ректорот на универзитетот „Свети Климент Охридски“, Игор Неделковски посочи дека факултетот е најстарата образовна установа при универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола.

    -Минатата година Универзитетот го прослави големиот јубилеј – еден век постоење на Институтот за тутун во Прилеп, прва научна членка на универзитетот, а економскиот факултет е најстарата образовна установа на Универзитетот. Силата на овој, и на секој факултет, е во неговите студенти. Преку нив факултетот има силни врски со заедницата, невладиниот сектор и, што е најважно, со бизнис секторот, рече Неделковски.

    Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, рече дека Прилеп има голем бенефит од економскиот факултет зашто влијае на развојот на градот.

    -Факултетот е вистински столб на образованието, науката, економскиот развој и не само во Прилеп, туку и во регионот и државата, рече Јовчески.

    На свечената академија, Факултетот додели и благодарници на поединци и институции, повеќето од бизнис-секторот со кој соработува.

    Популарно

    Како првиот ретрограден Меркур во 2026 ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

    25.02.2026 во 00:02

    Петрушевски: Го разбирам револтот на јавноста откако Груби доби куќен притвор, но тоа е одлука на Обвинителството

    24.02.2026 во 20:27

    Јошевска-Анастасовска до Филков: Судија не смее да изрече притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор

    24.02.2026 во 20:07

    Сијарто: Ќе се спротивставиме на украинската уцена до крај

    24.02.2026 во 23:31

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.