Close Menu
Press24
    Најново

    Пријателка на Јаневски со потресна порака: „Ја симна маската со која глумеше ароганција и ми дозволи да го видам вистинскиот Владо”

    01.07.2026 во 08:59

    ВРЕДИ: 306 проекти ја менуваат сликата на општините со албанско население

    01.07.2026 во 08:49

    Продолжува судењето за „Пулс“ – Родителите револтирано си заминаа на минатото рочиште

    01.07.2026 во 08:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пријателка на Јаневски со потресна порака: „Ја симна маската со која глумеше ароганција и ми дозволи да го видам вистинскиот Владо”
    • ВРЕДИ: 306 проекти ја менуваат сликата на општините со албанско население
    • Продолжува судењето за „Пулс“ – Родителите револтирано си заминаа на минатото рочиште
    • Јули почна со горештини, УХМР ги измери температурите во 8 часот – Пред нас силно невреме
    • Трговијата на мало со раст – Најмногу се зголеми прометот со храна и горива
    • Ѓорѓиевски дел од ѕвезденото небо за Владо Јаневски: „Ти благодарам што ми подари победничка химна”
    • ДЗС: Станбените објекти најбројни меѓу дивоградбите во 2025
    • Митева се огласи на Фејсбук: Успехот ќе го мериме по бројот на жени кои ќе ги охрабриме да го направат првиот чекор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пријателка на Јаневски со потресна порака: „Ја симна маската со која глумеше ароганција и ми дозволи да го видам вистинскиот Владо”

    Пријателка на Јаневски со потресна порака: „Ја симна маската со која глумеше ароганција и ми дозволи да го видам вистинскиот Владо”

    01.07.2026 во 08:593 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пријателка на Владо Јаневски која е потпишана како Фросина Фро на социјалните мрежи, покажа како изгледал неговиот дом во Гевгелија, каде тој си го наоѓаше мирот, и напиша трогателна објава за него.

    View this post on Instagram

    A post shared by Frosina Fro (@frosina.fro)

    -Гевгелија, негде околу нова година и поглед од твојот дом, твоето царство кај што ти беше најтопло, најубаво.
    “Над Кожуф златна светлина се раѓа, Вардар шуми место будилник, мојта перница ко да е лаѓа, на неа плови твојот убав лик … Прекрасен ден, ти мораш негде, а јас те гушкам посилно …” Така некако те инспирираше твојот нов дом за убавите стихови… Тука “Амадеус” го гледавме два пати, оти еднаш не беше доволно за твоите уметнички сензори кои на секое гледање нешто ново откриваа. Тука ти раскажав за Мајсторот и Маргарита, а ти беше пријатно изненаден дека го читам Булгаков, па ми го пушти и филмот да го гледаме. Тука, јас со моето турско кафе, а ти со твојата вода негазирана зборувавме и за Антони Де Мело, Ошо, Екарт Тол и двете негови книги кои ми ги даде на подарок,: “Нова Земја” и “The power of now”. Тука се развиваа дискусии за човечката душа, за човечката психа и сè она кое животот го носи, а ние луѓето не го спознаваме оти сме заспани, на што ми ја предложи “Будење” од Антони Де Мело и повторно на твое изненадување кога ти реков дека сум ја читала, започнавме дискусија кој што разбрал од книгата. Па ми кажа дека таа книга случајно дошла во твоите раце кога си живеел во Москва и ти го сменила животот. Тука ми кажа дека избегнуваш луѓе со плитки, рекла – казала муабети, дека те иритираат празни разговори од типот како си, што правиш и затоа твојот круг на луѓе беше сведен на минимум. Сакаше длабоки, инспиративни разговори каде соговорниците можат да учат еден од друг и така заедно да растат. Велеше дека многу ретко среќаваш такви луѓе. Ти велев дека јас уште поретко. И знаевме и двајцата дека ова пријателство е реткост како бисер нижен цели 17 години. Во свет базиран на ниски страсти и материјализам, нашата духовна поврзаност ќе беше неразбирлива за овој површен свет. Ти беше таков посебен, велеше дека ретките бираат ретки. А реткост беше човек да ја запознае твојата душа. Ти ме пушти да влезам низ твоите ѕидини високо издигнати околу твојата нежна душа. Ја симна твојата маска со која гумеше ароганција пред светот и така се бранеше и ми дозволи да го видам вистинскиот Владо. Ти благодарам душо најмила, напиша пријателката на Јаневски.

    Тој ќе биде погребан денеска на Гробиштата во Бутел, откако почина по кратко боледување на 66. години.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: 306 проекти ја менуваат сликата на општините со албанско население

    01.07.2026 во 08:49

    Продолжува судењето за „Пулс“ – Родителите револтирано си заминаа на минатото рочиште

    01.07.2026 во 08:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.