При изведување на градежни работи близу фудбалско игралиште пронајдени три бомби

Три неактивирани рачни бомби од Првата светска војна биле пронајдени вчера при изведба на градежни работи.

-Вчера во 12.45 часот во СВР Битола било пријавено дека во близина на фудбалското игралиште во с.Долно Оризари, битолско, при изведување на градежни работи, биле пронајдени три неактивирани рачни бомби, кои потекнуваат од Првата светска војна, велат од полицијата.

Бомбите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.08.2020 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега