Претседателот Пендаровски на средба со британскиот амбасадор Метју Лосон

Денеска на средбата помеѓу претседателот на државата Стево Пендаровски и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон се разговарало за билатералните односи и соработката меѓу двете држави, како и за актуелните случувања и предизвици во регионот, при што соговорниците изразија задоволство од развојот на севкупните односи, кои ги карактеризира пријателство, меѓусебна доверба и цврсто партнерство.

Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, на средбата биле разменети и мислења и информации за актуелните прашања поврзани со интеграцијата на нашата земја во Европската Унија, за соработката и делувањето на двете држави во рамки на НАТО Алијансата, како и за билатерални прашања од взаемен интерес.

Претседателот Пендаровски изрази увереност дека Обединетото Кралство ќе продолжи со конкретната поддршка и помош во остварувањето на македонските стратешки приоритети и се заблагодари за постојаната британска поддршка за клучните прашања од нашата независност до денес“ - се наведува во соопштението од кабинетот на Претседателот на РСМ.

12.02.2024 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега