Close Menu
Press24
    Најново

    Пеколна ноќ во Багдад: Нападната амбасадата на САД со ракети и дронови

    17.03.2026 во 21:38

    Подгответе се за шок: Авио-картите ќе поскапат

    17.03.2026 во 21:28

    Во недела се слават Младенци – Денот на љубовта и првата година од бракот – еве ги обичаите

    17.03.2026 во 21:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пеколна ноќ во Багдад: Нападната амбасадата на САД со ракети и дронови
    • Подгответе се за шок: Авио-картите ќе поскапат
    • Во недела се слават Младенци – Денот на љубовта и првата година од бракот – еве ги обичаите
    • Митева: Кочани е аларм, системот мора да функционира доследно
    • Српски авион над Косово – Детали за летот кој го привлече вниманието на јавноста
    • Зеленски испрати над 200 украински војници испратени на Блискиот Исток, тие имаат само една задача
    • (ФОТО) Пристигна третиот лет со македонски државјани евакуирани од Блискиот Исток
    • Хаос на границите: Над 800 возачи вратени од Шенген зоната
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Претседателка: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива

    Претседателка: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива

    27.12.2025 во 15:034 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска (27 декември), во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, преку видеоконференциска врска им ги честитаа претстојните празници на припадниците на Армијата ангажирани во мировни мисии и операции во странство, упатувајќи им желби за добро здравје, успех и просперитет во новата 2026 година.

    „Се чини дека никогаш на светот мирот не му бил попотребен, но се чини и дека нашата вредност, вашата на мировниците, ама и на македонската Армија, никогаш не била повидлива. Нема место на кое што вие, нашите мировници, не сте рамноправно третирани.

    Затоа денеска ми е особена чест овде во друштво на вашите сопруги, на вашите сопрузи, на вашите деца да ви се обратам и да ви посакам не само успешна работа, туку и да нема потреба можеби од толку често одење. Вие вашиот придонес го дадовте и го давате, ние цврсто веруваме во мирот, но се разбира, мирот не зависи само од нас и мора секогаш и таму и овде да бидеме подготвени. Впрочем, тоа и постојано го правиме“, рече претседателката Сиљановска-Давкова во своето обраќање пред присутните.

    Министерот Мисајловски  на оваа средба која „има особена тежина и значење” упати благодарност до мировниците за нивната “служба во името на мирот, безбедноста и сигурноста на секој еден од нас.” На членовите на семејствата на мировниците, министерот им порача да бидат силни, трпеливи и горди на војниците.

    “Свесни сме дека зад секој мировник стои семејство кое ги споделува и грижите и гордоста. Министерството за одбрана и Армијата остануваат цврсто посветени да бидат ваша поддршка – не само симболично, туку и суштински, секогаш кога тоа ќе биде потребно”, рече министерот.

    Мисајловски им се заблагодари на претседателката и началникот на Генералштабот за одличната и континуирана соработка од која бенефит има секој припадник на Армијата.

    Началникот на Генералштабот, во своето обраќање изрази уверување дека мировниците професионално и посветено ги извршуваат своите задачи.

    Во оваа прилика генералот Лафчиски ѝ се заблагодари на претседателката за континуираната поддршка во реализацијата и реафирмацијата на досегашните и тековните активности. Тој ја поздрави и грижата на министерот за одбрана за семејствата на мировниците, како и сите активности што се преземаат во насока на зајакнување и унапредување на Армијата како успешна институција. Притоа истакна дека Армијата претставува едно големо и сплотено семејство и нагласи дека се гордее што е дел од него.

    „Армијата е едно големо, сплотено семејство и јас се гордеам што сум дел од тоа семејство. Ние секогаш сме тука за вас и за вашите семејства, кога и да е тоа потребно“, истакна Началникот на Генералштабот.

    На крајот од своето обраќање, тој им ја честиташе претстојната 2026 година, посакувајќи им добро здравје и успешна работа, со желба и понатаму да се среќаваат со нови успеси и победи во новата 2026 година.

    Претставниците на македонската Армија ангажирани во мисијата на НАТО во Косово (КФОР), ЕУ операцијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина, мисијата на Обединетите Нации во Либан (УНИФИЛ), како и во НАТО активноста „Forward Land Forces – FLF“ во Бугарија, Романија и Летонија и националниот претставник во мисијата во Германија ја истакнаа својата висока мотивираност и подготвеност за професионално извршување на сите доделени задачи, достоинствено претставувајќи ја татковината.

    Во рамки на денешната активност, претседателката Сиљановска-Давкова, министерот Мисајловски и генералот Лафчиски им поделија новогодишни пакетчиња на децата на мировниците.

    Настанот беше заокружен со традиционалната поделба на новогодишни пакетчиња од страна на армискиот Дедо Мраз, кој пристигна со армискиот хеликоптер Ми-8/17 од Воздухопловниот ВИНГ, што внесе празнична атмосфера и радост кај најмладите.

    На денешната активност, покрај семејствата на мировниците присуствуваа командантите на прво потчинетите команди и единици и претставници од  Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана.

    Популарно

    Ќе нема струја до 16 часот – Најавени исклучувања во повеќе скопски населби и села

    17.03.2026 во 08:24

    Полицаецот кој ја загуби ќерката во Пулс со потресна исповед: „И ја видов кондурата, па ја видов Стефанија како лежи”

    17.03.2026 во 10:20

    Маларија во Македонија: Патници од Скопје и Куманово се вратиле заразени од Африка

    17.03.2026 во 18:01

    Внимавајте ако патувате: Снежен колапс во делови од регионот

    17.03.2026 во 18:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.