Заплена на пиштол без дозвола, бела прашкаста материја и марихуана е билансот од синоќешната акција на кумановската полиција, која спроведе претреси на две локации во градот.
Акцијата започнала во вечерните часови кога полициски тимови со судска наредба упаднале во домот на 19-годишниот кумановец Г.М., каде инспекторите пронашле и одзеле марихуана подготвена за употреба.
Подоцна истата вечер, во вториот претрес, инспекторите пронашле пиштол калибар 7,62 милиметри без рамка и муниција за кој сопственикот немал никаква дозвола, како и бела прашкаста материја.
За време на рацијата била затекната и 42-годишна жена кај која при личен преглед исто така биле пронајдени опијати.
Зад решетки завршија 19-годишниот Г.М., 45-годишниот Р.С. и 42-годишната Д.В., сите од Куманово.
По целосно документирање на сите докази, СВР Куманово против тројцата ќе поднесе соодветни кривични пријави за неовластено производство на дрога и поседување оружје.
-Вчера во 20:35 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Г.М.(19) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. На 27.07.2026 од 22:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Р.С.(45) и 42-годишната Д.В. од Куманово. При претрес во домот на Р.С., во кој била затекната Д.В., извршен со судска наредба, биле пронајдени бела прашкаста материја и пиштол калибар 7,62 мм без рамка и муниција за кои не поседувал дозвола. Додека, при преглед кај Д.В. била пронајдена прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави“, соопштија од полицијата.


