Претрес во Гостивар, пронајден кокаин
Полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска (21 март) околу 17 часот го лишиле од слобода 43-годишниот К.Д.од Гостивар затоа што при претрес извршен со судска наредба во неговиот дом во Гостивар пронајден е кокаин и дигитална вага.Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за "неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори".
21.03.2023 - 21:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа