Вчера во 08:10 часот во село Миравци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.М.(47) од село Миравци.
При преглед кај него била пронајдена марихуана. Истиот ден бил извршен и претрес во неговиот дом, при што била пронајдена марихуана. Известен е јавен обвинител, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

