Познатиот јутјуберот Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, денеска беше посетен од двајца инспектори во неговиот стан во „Белград на вода“, само неколку часа откако неговиот луксузен автомобил „Брабус“ вреден половина милион евра беше претворен во пепел.

Како што дознаваат медиумите, првите резултати од истрагата се шокантни – не станува збор за дефект, туку за смислен напад. Автомобилот бил полиен со запалива материја и намерно запален во раните утрински часови.

„Инспекторите извршија информативен разговор со Илиќ, при што тој веројатно дал исказ и именувал лица на кои се сомнева дека стојат зад ова дело“, пренесуваат тамошните медиуми.

Додека трае потрагата по сторителите, градежни работници веќе почнаа да го чистат местото на настанот од саѓата и стопените делови на некогашниот скапоцен теренец.

Exit mobile version