Шведската јавност е згрозена од случајот на тешко подведување во кој сопруг ја принудувал својата жена на сексуални односи со најмалку 120 мажи. Иако првично се говореше за бројка од околу 30 лица, истрагата покажала дека обемот на злоупотребата е многу поголем.

Според агенцијата ДПА, прекршоците се случувале во текот на неколку години, при што мажот организирал средби и физички и преку интернет, нудејќи сексуални услуги на различни веб-страници. Жената сама го пријавила случајот во полиција. Во потресно сведоштво за шведското радио, таа изјавила дека во некои случаи била под дејство на дрога и алкохол до толкава мера што имала „дупки во сеќавањето“.

Осомничениот е во притвор од октомври, а обвинението против него се очекува да биде покренато во март. Бидејќи во Шведска купувањето на сексуални услуги е кривично дело (додека продажбата не е казнива), кривични пријави им се закануваат и на сите идентификувани клиенти од целата земја.

Exit mobile version