Пресврт во истрагата за трагедијата: Алек Болдвин ја лажел полицијата

 

Се појавија нови моменти кои фрлаат поинакво светло во расчистувањето на случајот за трагедијата што се случи на снимањето на филмот „Rust“ кога актерот Алек Болдвин смртно ја застрела снимателката Халина Хачинс.

Имено, актерот тврдел дека тој всушност и не го повлекол чкрапалото на пиштолот, кој требало да биде наполнет со лажни куршуми.

Сепак, новиот извештај кој на увид го доби „ABC News“, покажува дека куршумот не можел да биде испукан ако не е повлечено чкрапалото на пиштолот.

Тоа значи дека него судот може да го гони за направено дело.

Властите вчера соопштија дека ги очекуваат телефонските записи на актерот, а обвинителот во соработка со полицијата во Њујорк и адвокатите на Болдвин треба да ги собере сите докази.

Записите ќе ги прегледуваат детективи, а потоа ќе бидат испратени до обвинителот за да утврди дали ќе биде поднесена пријава.

Форензичкиот извештај на ФБИ ги испитуваше сите детали за фаталната несреќа како дел од пошироката истрага за да се види дали може да бидат поднесени кривични пријави.

За потсетување, во октомври минатата година,  Болдвин случајно ја уби Халина Хачинс (42) и го повреди режисерот Џоел Соуза во инцидент на снимањето на филмот „Rust“ на ранчот Бонанца Крик во Ново Мексико.

15.08.2022 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега