Вишиот суд во Лесковац, Србија, денеска ја објави пресудата за македонскиот државјанин Сефер Имери од Скопје. Тој е осуден на казна затвор од шест години откако српската полиција кај него пронашла речиси осум килограми кокаин.
Според соопштението од Судот, Имери е прогласен за виновен бидејќи постои основано сомнение дека на 20 август минатата година, на автопатот кај Брестовац, во своето патничко возило нелегално транспортирал и чувал наркотична дрога. Станува збор за точно 7.988,4 грама кокаин наменет за понатамошна продажба.
Судот одлучи времето што Имери го поминал во притвор да му биде засметано во затворската казна. Покрај затворската казна, изречена му е и мерка за безбедност – конфискација на пронајдената дрога, а тој ќе мора да ги плати и трошоците за кривичната постапка на обвинителството и судот.

