Престрелка на две криминални банди во Атина - загинаа двајца Албанци

 

Двајца Албанци загинаа, а уште двајца се повредени во престрелка на две банди во Грција, јавија албанските медиуми.

 

Инцидентот се случил на плоштадот Агиос Состоис во Атина, во близина на кафуле. Жртви се татко и син, додека еден работник и уште едно лице се повредени.

Неколку млади лица отвориле оган кон 25-годишен Албанец, при што го усмртиле, а куршумите го погодиле и неговиот татко кој се обидел да се скрие зад столиците во кафулето, но е смртно погоден на самото место.

Полицијата се сомнева дека пресметката била меѓу банди кои переле пари за дилери на дрога, но истрагата за случајот е во тек.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2021 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега