Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово учествува на клучниот министерски состанок во Тирана, посветен на развојот и реализацијата на Коридор 8. На овој стратешки настан, Муцунски е во друштво на своите колеги од Албанија, Италија, Бугарија и Романија, со цел да се засили регионалната поврзаност.
Добро утро од Тирана, напиша на својјот Фејсбук профил Муцунски
„Денес учествувам на Министерскиот состанок посветен на Коридор VIII, заедно со колегите од Албанија, Италија, Бугарија и Романија. Во фокусот се инфраструктурните проекти што се реализираат долж Коридор VIII, како и предизвиците со кои се соочуваат земјите, за чие надминување е неопходна засилена политичка координација.
Благодарност до заменик-министерката Вилма Премти за срдечното добредојде“, истакна Муцунски.


