Премиерот најави нова инвестиција од 8,5 милиони евра и 100 нови работни места
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски при посета на Општина Брвеница одговарајќи на новинарско прашање, дали има нови инвестиции, приоритет на којшто Владата е силно фокусирана, информираше дека во државата, на домашниот пазар има една нова инвестиција којашто е завршена и уште неколку коишто се во процес на завршување. Премиерот очекува бројот на странски инвестиции во државата значајно да се зголемат до крајот на годината.
„Да, да тоа е исто така убава, добра вест. Имаме една нова инвестиција којашто е веќе завршена и уште неколку коишто се во процес на завршување.
Очекувам до крајот на годината и тие да ги завршиме, ова е инвестиција на компанијата „Бреjнчаjлд“. Вредноста е некаде околу осум и пол милиони евра и очекувам и таа да вработи околу стотина луѓе. Веќе ја закупија парцелата во зоната Жабени, почнуваат да ја градат првата хала од 3.000 квадратни метри.
Така што во периодот којшто следи ќе бидеме сведоци на уште, уште нови и успешни вести и очекувам бројот на странски инвестиции драматично да се зголеми до крајот на годината“, изјави премиерот Мицкоски.
Носењето на нови странски инвестиции значи и отворање на нови работни места и поквалитетен и подобар животен стандард за граѓаните. Затоа Владата посветено работи и ќе продолжи да работи и во иднина за силен економски развој и целосна трансформација на државата. Да се отвораат нови работни места, добро платени, за младите да има услови, да останат да работа, инвестираат и живеат во државата, наместо да се селат во странство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа