Премиерот го посети семејството на возачот на брзата помош: „Вечна ти слава, Иле“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети семејството и сопругата на Иле Гоцевски – возачот на Брзата помош кој, со пожртвуваност што нема цена, цела ноќ им помагаше на повредените од трагедијата во Кочани.
Во време кога тагата не престанува, неговиот подвиг потсетува дека храброста и човечноста живеат во нашите луѓе. Тоа се нашите херои!, рече Мицкоски.
„Иле замина тивко, но зад себе остави пример кој нема да го заборавиме.
Мојата почит и поклон за него. Почит и до сите што несебично им служат на граѓаните.
Вечна ти слава, Иле“, истакна Мицксоки.
22.03.2025 - 13:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа