Речиси 50.000 денари ја чинеле лажни трошоци за наводен кредит. Измамена 44-годишна жителка на неготинското село Долни Дисан, која пријавила дека била измамена за вкупно 49.087 денари.
– Според пријавеното, таа остварила контакт со лице преку социјална мрежа, со цел да подигне кредит и во неколку наврати уплатила пари за наводни трошоци за одобрување, но, кредит не добила, по што случајот го пријавила во полициска станица – појаснија од СВР – Велес.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

