Судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска беше прекинато со пауза од половина час, откако одбраната на дел од обвинетите реагираше дека не го добила интегрираниот текст на обвинението.

Адвокатите истакнаа дека не е можно обвинетите да се произнесат за вина и да дадат воведни зборови за текст што воопшто не им е доставен.

„Најголемиот дел вооопшто го немаат добиено интегрираниот текст на обвинението, а ќе се очекува да се дадат воведни зборови. Затоа предлагам судот да го расчисти ова прашање“, изјави еден од адвокатите.

Одбраната, исто така, реагираше дека доказната документација е целосно несредена и хаотична.

Судијката Диана Груевска Илиевска одговори дека Судот побарал електронски адреси за достава на минатото рочиште, но вети дека ќе се потрудат обвинението да им биде доставено на сите.

На рочиштето се очекуваше одбраната да ги даде своите воведни зборови и обвинетите да се произнесат за вина.

Exit mobile version