Прекината ссмејна веселба во гостиварско - приведен сопственикот на објектот

Полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска во околу 16 часот го лишија од слобода 30-годишниот А.Д. од Неготино,гостиварско, затоа што во неговиот угостителски објект во Неготино била организирана семејна веселба, на која присуствувале 25 лица, информира МВР.

„Тој ќе биде задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот, ќе му биде изготвена пријава за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.

Семејната веселба е прекината, а објектот затворен од Државниот пазарен инспекторат“, соопштија од полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега