Епидемиолошката состојба во Гостивар е ставена под контрола откако Центарот за јавно здравје Тетово донесе одлука за прекинување на епидемијата, информираше министерот за здравство Сашо Клековски.

Според последните епидемиолошки податоци, во моментов нема регистрирано нови случаи на гастроентеритис или ентероколитис, односно стомачни тегоби поврзани со водата за пиење во градот.

Министерот Клековски појасни и каква била состојбата со хоспитализациите во локалната установа.

„Во гостиварската болница немаше хоспитализирани пациенти во вистинска смисла на зборот, туку стануваше збор за краткотрајни, 24-часовни задржувања“, изјави Клековски.

Со оваа одлука на надлежните служби, состојбата со водата и здравјето на граѓаните во Гостивар се враќа во нормала.

Exit mobile version