Вчера околу 18:20 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Велес, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(62) од Велес, удрило во пешакот Б.Ј.(81) од Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Ј., констатирани во Општата болница Велес, информираа од полицијата. 

По наредба на jавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.

Leave A Reply

Exit mobile version