Вчера попладне околу 16:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Његошева“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(46) удрило во 69-годишната В.Д., по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со телесни повреди се здобила В.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
По преземени мерки, возачот е пронајден, со него бил извршен службен разговор и известен е јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава

