Прегазен велосипедист на кружен тек во Тетово

Вчера во 11.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек од булевар „Видое Смилевски Бато“ со улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.З.(69) од Тетово, удрило во велосипед, управуван од С.У.(28) од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.

24.07.2024 - 13:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега