Прегазен пешак во Тетово - итно пренесен во болница

 


Вчера во 20.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(45) од Скопје, удрило во пешакот В.Ј.(82) од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.   

 

06.12.2024 - 12:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега