ВИДЕО: Коци прво на протест со магариња, а денеска се ишиша пред Собрание
Адвокатот од Косово, Арианит Коци со недели протестира оти Косово не може да го конституира Собранието.оци е пред Собранието при секој обид за конститутивна седница. Минатата недела, тој дојде на протест со магариња.
Денеска ја ишиша косата пред камери, а потоа им даде изјава на новинарите.
„Државноста на Косово ни е загрозена, па нашите пријатели и непријатели се убедуваат дека не сме способни да одржуваме држава. Ова веќе не е политика, туку влегува во категоријата параполитика. Затоа, барам Собранието веднаш да се формира денеска, а овој протест не е само за политичарите и пратениците, туку и за сите луѓе кои заспале и се во колективна депресија. Не заборавајте – без Собрание нема демократија, без Собрание нема економски и социјален развој, без Собрание нема држава“, рече Коци.
Коци е пред Собранието при секој обид за конститутивна седница. Минатата недела, тој дојде на протест со магариња.
Инаку, денеска, по 50-ти пат има обид за конститутивна седница, која е во тек.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа