Предупредување од метеоролозите: Очекувајте поројни врнежи и ветер - во вторник промена

Денесka во текот на попладневните часови како и во текот на ноќта на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер,информира метеорологот Славчо Попоски.

Локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме проследено со поинтензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град, па затоа ВНИМАНИЕ.  Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

Потоа и утре ќе се задржи променливо облачно време, локално особено од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи во попладневните часови ќе има и во понеделник, иако атмосферата ќе биде релативно стабилна.

Целосно стабилизирање на времето ќе имаме од вторник кога ќе бидеме под влијание на многу топла воздушна маса која ќе услови многу високи температури на воздухот, истите на средината од следната недела ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.07.2020 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега