Граѓаните на Крушево треба да бидат внимателни со водата за пиење. Поради поројните дождови таа е заматена и од ЦУК препорачуваат превривање од најмалку 10 минути.

Проблеми има и во патната инфраструктура. Во општина Демир Хисар, локалниот пат кон селото Мренога е целосно затворен за сообраќај бидејќи мостот на Боишка река е оштетен. Во тетовско, и покрај чистењето, СВР Тетово од безбедносни причини го држи затворен патот кон Бање.

На истокот од земјата, возачите треба да внимаваат на одрони на повеќе патни правци, кои екипите на „Македонијапат“ тековно ги расчистуваат. Сообраќајот на правецот Кочани-Грдовци е нормализиран по интервенцијата на Оризарска река.

Exit mobile version