Собранието денеска ќе ја одржи 116. седница, на која во фокус ќе бидат четири законски предлози од областа на високото образование, студентскиот стандард и научноистражувачката дејност.
Пратениците ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, кој е предложен по скратена постапка, како и за Предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката, кој е во прво читање.
На дневен ред се и Предлог-законот за научноистражувачката дејност, како и Предлог-законот за високото образование, кој исто така ќе биде разгледан во прво читање.


