По помалку од месец дена од смртта на неговиот син Петар, почина Наум Бурназ (86), доајенот на македонската песна.
Во текот на својата богата кариера, Бурназ остави значаен белег на македонската естрада, изведувајќи бројни народни песни кои и денес се слушаат и се дел од македонската музичка ризница.
Неговата внука Мирјана Бурназ се прости од него на социјалните мрежи:
-Дедичко мој најсакан…
Денес нѐ напушти и ти, за да бидеш повторно заедно со нашиот најмил и непрежален татко.
Вечно ќе живееш во нашите срца.
Ти беше мојот идол. Поради тебе ја избрав музиката и пеењето и тргнав по тој пат. Никогаш нема да ги заборавам сите наши прекрасни спомени, макотрпната работа пред настапите и твоите совети, кои секогаш ми беа најважни.
Неизмерно сум среќна и горда што имав таков прекрасен дедо.
Ќе продолжам да чекорам напред со музиката, а знам дека ти засекогаш ќе ме гледаш, ќе ме чуваш и ќе ме поддржуваш од небото.
Почивај во мир, дедичко мој. Љубовта кон тебе никогаш нема да згасне, напиша Мирјана.
Потоа, објави и уште еден пост:- Дедичко мој, летај со ангелите и тато…Вечно ќе бидете во нашите срца.


