Доколку имате обврски во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, завршете ги навреме. Од претпријатието информираат дека денеска, на последниот ден од годината, се работи со скратено работно време.
Шалтерите за наплата и рекламации, како и операторите во Дирекцијата, ќе бидат достапни за граѓаните од 07:30 до 15:30 часот.
Утрешниот ден (1 јануари) е неработен за наплатните пунктови. Редовното работно време продолжува од петок, 2 јануари.

