Судењето за една од најголемите трагедии во поновата македонска историја – пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ каде згаснаа 63 животи – денеска во Идризово остана без клучните сведочења. Ниту еден од петмината најавени сведоци не се појави пред судот за да ги реконструира моментите од кобниот 16 март 2025 година.
Причините за нивното отсуство се движат од трауматски до логистички. Двајца од сведоците, кои директно ја преживеале пеколот во дискотеката, не биле во состојба повторно да се соочат со сеќавањата, додека за останатите Обвинителството немало контакт или биле надвор од државата.


