Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, соопшти УХМР.

Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

За време на викендов времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во сабота ќе дува умерен со засилен северен ветер и ќе има појава на локален дожд со услови за ретки грмежи.

Од вторник повторно времето ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи.

Exit mobile version