Поради планирани технички зафати во електро-дистрибутивната мрежа, утре без струја ќе останат потрошувачи во неколку скопски општини. Според известувањето, прекините ќе се реализираат во следните реони:

Општина Карпош (Момин Поток) Во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од улиците „1506“ и „1550“, како и објектите на Електроводомонт и Европа 92.

Општина Сарај Од 09:30 до 14:00 часот, прекин ќе има во дел од село Кондово. Во истиот овој временски интервал, без електрична енергија ќе бидат и жителите на село Рашче, Каптажа Рашче, како и селата Копаница и Бојане.

Општина Центар: Краткотрајни прекини во периодот од 11:00 до 13:00 часот се најавени за:

  • Дел од улицата „Рилски Конгрес“ (од бр. 2 до бр. 8).
  • Дел од улицата „Георги Скрижевски“, поточно потегот од раскрсницата со ул. „Христо Чернопеев“ до раскрсницата со ул. „Рилски Конгрес“.
Exit mobile version