Close Menu
Press24
    Најново

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47

    Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта

    28.10.2026 во 22:29

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Православните верници го слават Свети Пантелејмон: Заштитник на лекарите и патниците

    Православните верници го слават Свети Пантелејмон: Заштитник на лекарите и патниците

    09.08.2026 во 10:47Updated:09.08.2026 во 10:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните верници денеска го одбележуваат празникот посветен на Светиот великомаченик Пантелејмон, еден од најпочитуваните светители во христијанството.

    Според преданието, Свети Пантелејмон се родил во Никомидија од татко незнабожец и мајка христијанка. Уште во младоста ја изучил лекарската вештина, а подоцна се крстил и го прифатил христијанството.

    Се верува дека Господ му дал благодат да лекува сите видови болести, не само преку лекарската вештина, туку и со силна молитва. Меѓу неговите најпознати исцеленија е враќањето на видот на слепец од кого останатите лекари се откажале, по што поради завист бил обвинет пред властите дека е христијанин.

    Поради својата вера бил изложен на тешки маки, а откако властите виделе дека тој не се поколебува, го испратиле на губилиште под маслиново дрво каде што пострадал во 304 година. Во христијанскиот свет се верува дека тој продолжил да исцелува преку своите свети мошти.

    Со овој голем празник се поврзани и повеќе народни обичаи и верувања. Се смета дека денот е поволен за започнување бизнис или каква било нова работа, бидејќи се верува дека секој труд на овој ден е благословен и носи успех.

    Исто така, Свети Пантелејмон важи за заштитник на патниците и на сите луѓе на кои патот им е втор дом, па затоа се препорачува за оние кои планираат патување да тргнат токму на овој ден.

    Меѓу народните обичаи постои и верувањето дека доколку во црква се сретнат две непознати лица кои го слават овој ден како куќна слава, треба да си честитаат и да се прегрнат, бидејќи се верува дека се роднини.

    Прочитај повеќе

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47

    Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта

    28.10.2026 во 22:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.