Close Menu
Press24
    Најново

    Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат

    13.05.2026 во 23:47

    Пет вообичаени навики за пиење кафе што треба да ги избегнувате

    13.05.2026 во 23:24

    Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација

    13.05.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат
    • Пет вообичаени навики за пиење кафе што треба да ги избегнувате
    • Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација
    • Филипче: Кој е сега предавник?
    • Додик: Путин ќе ја посети Република Српска
    • Јаневска: Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има директор, ќе се изврши дератизација и дезинфекција
    • Политико: Трамп отиде во Кина за да побара помош за Иран
    • Прободеното дете во училиште во Ѓорче Петров е стабилно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Правилото на Безос за првиот час: Утринска рутина што носи успех

    Правилото на Безос за првиот час: Утринска рутина што носи успех

    28.04.2026 во 22:343 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Како да се стане успешен во свет преполн со информации и постојани одвлекувања на вниманието? Според Џеф Безос, еден од најбогатите луѓе во светот, одговорот е изненадувачки едноставен и започнува уште во првиот час по будењето. Тој го нарекува тоа „правило на првиот час“ – време без бучава, без телефон и без преплавување со информации, во кое умот добива простор да се разјасни, да истражува и да учи. Наместо бесконечно скролање по содржини, овој период е наменет за кафе, читање и размислување.

    „Научниците ја потврдуваат оваа теорија. Истражувањата покажуваат дека мозокот наутро е најбуден и најприемчив за нови информации. Доколку тој драгоцен период се потроши на социјалните мрежи и негативни вести, последиците може да бидат намалена концентрација, послаба продуктивност, па дури и долгоротрајно влошување на меморијата“, пишува онлајн платформата Блинкист (Blinkist).

    Токму поради тоа, сè поголем број луѓе се обидуваат првиот час од денот да го претворат во простор за личен развој – време кога умот сè уште не е оптоварен со обврски, нотификации и информациски шум, туку е подготвен за фокус, учење и длабоко размислување. Во современиот начин на живот, во кој вниманието е постојано поделено на повеќе страни, се јавува потреба од јасно и практично знаење. Наместо долги и често напорни форми на читање, многумина се одлучуваат за пократки формати кои за неколку минути ја пренесуваат суштината на идеи од областа на бизнисот, психологијата, науката и личниот развој. На тој начин, во текот на еден час може да се поминат повеќе различни теми, додека се пие утринско кафе или се патува на работа, без чувство дека времето се губи.

    Феноменот познат како „думскролинг“ – односно бесконечно листање негативни содржини, стана секојдневна навика која го исцрпува човекот и ја намалува способноста за концентрација. Наспроти тоа, сè повеќе луѓе се обидуваат утрото да го започнат со содржина што има вредност, т.е со нешто што поттикнува размислување, наместо пасивно примање информации. Таквиот избор ги претвора изгубените минути во можност за ментален ресет и за појасен, пофокусиран почеток на денот.

    Една од најголемите предности на современиот пристап кон утринското учење е неговата флексибилност. Содржината може да се консумира во движење – додека се оди на работа, се подготвува појадок или се патува. Учењето повеќе не е ограничено на тишината на работната маса, туку станува дел од секојдневието. Дополнително, многу луѓе полесно ги памтат информациите кога ги слушаат, поради што аудио форматите дополнително го олеснуваат усвојувањето на знаењето. Правилото на „првиот час“ не е насочено кон брзина, туку кон цел. Основната идеја е да се избира квалитет наместо квантитет.

    Кратките прегледи и резимеа овозможуваат да се добие увид во значајните идеи на една книга пред да се донесе одлука дали вреди да се вложи повеќе време во неа. На тој начин се заштедуваат и време и енергија, а изборот станува посвесен и попромислен. Овој пристап го менува начинот на кој започнува денот. Наместо хаотично започнување на обврските, првиот час станува простор за фокус, тишина и личен развој. По ова, се наметнува едноставно прашање: што правите со вашиот прв час од денот?

    – Доколку тој го посветите на учење и размислување, можеби нема веднаш да забележите драстични промени, но со тек на времето, од ден на ден, ќе почнете да размислувате појасно, подлабоко и со поголема смисла, заклучи Безос.

    Прочитај повеќе

    Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат

    13.05.2026 во 23:47

    Пет вообичаени навики за пиење кафе што треба да ги избегнувате

    13.05.2026 во 23:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.