Пратениците го прифатија предлогот на Милошоски за Резолуцијата да се расправа веднаш по буџетот

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на денешната собраниска седница предложи Резолуцијата за евроинтеграцискиот пат на земјата да биде втора точка на дневниот ред на седницата, наместо девета и за македонските црвени линии за идентитетските прашања да се расправа веднаш по точката за буџетот.

Предлогот доби 85 гласа „за“, 4 „против“ и еден воздржан.

Со резолуцијата се предлага преговорите со Бугарија да се водат на рамноправна основа, македонскиот јазик и идентитет да имаат свој просторен и временски континуитет, да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, македонскиот идентитет да го црпе својот легитимитет од повеќевековните традиции како и да се применуваат позитивните и општприфатени меѓународни конвенции и декларации на Обединетите нации за правотот на самоопределување.

22.07.2021 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега