Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандман на законот за минимална плата каде што ќе се овозможи зголемување на платите во јавниот сектор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски на денешната прес конференција вели дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднеси амандман на законот за минимална плата каде што ќе се овозможи зголемување на платите во јавниот сектор.

Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ бара износот на коефициентите и вредноста на бодовите на Колективните договори на сите нивоа и во сите области во јавниот сектор да биде усогласи со порастот на минималната плата.

Во презентација објаснувајќи што ќе содржи амандманот кој денеска го предложи ВМРО-ДПМНЕ во собранието за пораст на платите во градинките, основното и средно образование, претседателот Мицкоски изјави дека на работно место перачка – пегларка, садомијач – сервирка, помошник во кујна има 269 бодови, а во моментот има минимална плата нешто повеќе од 15.000 денари, со нивелирање на коефициентот и според колективниот договор истата ќе изнесува повеќе од 18.600 денари.

– А каква е сега состојбата и што предлагаме можете да видите на слајдот кој што е прикажан овдека. Дадена е симулација како е во градинките, во основните и средните училишта. Ова се бодовите во градинките, тука се и коефициентите на сложеност на работното место во основните училишта и нешто слично е и во средните училишта. Во моментот перачка – пегларка да речеме, садомијач – сервирка, помошник во кујна има 269 бодови, и има минимална плата од нешто повеќе од 15.000 денари и сега таа според колективниот договор би требало да изнесува нешто повеќе од 18.600 денари. Сите останати плати кои што предлагаме со закон да се нивелираат согласно колективниот договор ни се прикажани во продолжение односно во третата десна колона. А, овде е покачувањето и усогласени се според бодовите кои што ги има секое работно место во градинките, кажа Мицкокси.

Во однос на платата на наставниците во основното образование Мицкоски нагласи дека со почитување и усогласување на Колективниот договор и со амандманот на ВМРО-ДПМНЕ, истата од 22.764 денари ќе порасне на 41.256 денари за наставник приправник, или од 24.782 денари нето платата ќе изнесува 45.054 денари за наставник.

– Истото тоа го имаме и во основните училишта, ако започнеме со општ работник кој што има коефициент еден и досега имал минимална плата 15.200 денари сега ќе има 18.000 денари. Тогаш соодветно надоле и хигиеничар, и перачка, сервирка, садомијач, ложач , ракувач на парни котли, возач и така натаму, па се до наставник приправник и наставник платите ќе бидат зголемени односно наставник приправник наместо досегашните 22.764 денари според амандманот кој го предлагаме, а согласно колективниот договор кој што го имаат потпишано со синдикатот и коефициентот на сложеност на тоа работно место треба да изнесува 41.256 денари нето, додаде тој.

Исто така и за наставник кој што има коефициент 2.503, кој што досега има нето плата од 24.782 денари и согласно амандманот што ние го предлагаме да се усогласи со колективниот договор би требало да има нето плата од 45.054 денари.

Во средните училишта Мицкоски рече дека од сегашните 25.838 денари, платата со усогласување на Колективниот договор ќе изнесува 45.594 денари.

– Истото тоа го предлагаме и за средните училишта односно професорите наместо сегашните 25.838 денари нето плата би требало да земаат според предлогот кој што ние го даваме 45.594 денари, вели Мицкоски.

10.02.2022 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа