Познато колку заработува Меси во Барселона годишно - во гаражата има дури 15 автомобили

Меси освен што заработува милиони поседува и многу автомобили во својата гаража.

Лионел Меси е на чекор од заминување од Барселона. Прекрасниот Аргентинец е незадовлен од односот на челникот на Барселона кон играчите, но исто така и од резултатите.

Пет клубови моментално го посакуваат Меси, а главниот кандидат за негов трансфер е Манчестер Сити.

Барселона со продавањето на Меси би скратила и многу трошоци во смисла неговата плата.

Меси според последните податоци, годишно од фудбалскиот клуб Барселона добива 40 милиони евра.

Меси е најплатениот фудбалер во историјата на Барселона, а втор на листата на најплатени фудбалери во Барселона е Гризман, кој што годишно заработува по 18 милиони евра.

Иван Ракитич е деветти на листата од клубот кој што заработува по 9 милиони евра во текот на годината.

Популарниот Аргентинец, според листата на „Forbes“ е третиот најбогат фудбалер на светот.

Тој само во 2020-та година заработил 104 милиони долари, што вклучува и профит од спонзорите, а пред него се Кристијано Роналдо и Роџер Федерер.

Меси вози луксуз и освен неколку вили, поседува дури 15 автомобили кои што заедно вредат три милиони евра.

Најскапиот модел на автомобил кој го поседува Меси е „Mercedes SLS“, кој што Меси го платил 230 илјади евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.08.2020 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега