Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира за измерените врнежи во изминатото деноноќие. Најмногу дожд наврнал во Пожаране и Попова Шапка, каде се измерени 32 литри на метар квадратен.

МестоВрнежи (л/м²)
Пожаране, Попова Шапка32
Маврови Анови, Крушево23
Тетово21
Претор20
Лазарополе14
Гевгелија11
Скопје-Зајчев Рид, Битола, Тополчани6
Штип, Кавадарци1

До вторник ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи. Денеска, метеоролозите предупредуваат дека на одредени места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, со можност да надминат 30 l/m2 за 24 часа, придружени со засилен ветер од јужен правец и ретки грмежи.

Максималната дневна температура ќе се движи меѓу 12 и 17 степени Целзиусови.

Exit mobile version