Познато е што придонесува до поголема смртност кај пациентите со Ковид 19- една третина од заболените го имале овој проблем
Околу третина од тешките случаи со Ковид 19 имаат опасни облици на тромбоза, што би можело да биде фактор кој допринесува на смртност помеѓу заболените, тврдат научниците.
Тромбоза, односно згрутчување на крвта предизвикува силно воспаление на белите дробови која претставува природна реакција во органзимот на коронавирусот, а невообичаено висока инциденца на згрутчување на крвта кај пациенти хоспитализирани за КОВИД-19 е забележана во март.
Покрај тоа, забележано е формирање на стотици мали згрутчување во белите дробови кај некои пациенти, а коронавирусот предизвика и зголемен број случаи на потенцијално фатална длабокавенска тромбоза.
Затоа, има такви кои веруваат дека вистинскиот број на тешки случаи на КОВИД-19 во кои се јавува тромбоза, може да биде многу поголем, а покрај тромбозата, згуснатата крв доведува до поголема зачестеност на мозочни удари и срцев удар.
Покрај тоа, некои студии покажуваат дека антикоагуланси кои во моментов се користат за да се спречи тромбоза не се секогаш ефикасни, додека од друга страна, зголемување на дозата на овие агенси може да доведе до тешко крварење.
Затоа се тестираат антикоагуланси, а еден експерт од Велика Британија предупредува дека постои тенка линија помеѓу успешно разредување на згрутчената крв и предизвикување потенцијално фатално крварење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа