Позната здравствената состојба на ученикот кој падна од прозорец во училиште во Прилеп

 


Ученик од шесто одделение од прилепското основно училиште „Гоце Делчев“ во Прилеп вчера попладне паднал од трети кат и се здобил со тешки повреди. По укажаната прва помош, префрлен е на Детската хирургија во Скопје. 

Според началникот на Итната медицинска помош од Прилеп, Боше Милошески, биле повикани вчера во 14:40 часот, а 11-годишниот ученик бил во полусвесна состојба.

- Веднаш беше прфрлено на Одделот за анестезија во Прилепската болница. Од првичните прегледи се констатира дека има фрактури на едното стапало и сомнеж за скршеници на градните пршлени. Веднаш беше префрлено на лекување на Детската хирургија во Скопје, изјави Милошевски.

Директорот на Детската хирургија Лазо Јовчески за МИА информира дека детето е во стабилна состојба, вон животна опасност. 

Увид на местото на настанот направила полицијата околу 15 часот и се работи на расчитување на случајот. 

Од училишето најавија дека ќе се обратат преку сопштение.

21.01.2025 - 12:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега