Позната причината зошто бродот удрил во мостот


„Екипажот на „Дали“ го известил Министерството за транспорт на Мериленд дека изгубиле контрола над бродот и дека е можен судир со мостот“, ја цитираше Еј-би-си, американската агенција за сајбер безбедност и безбедност на инфраструктурата.

Контејнерскиот брод Дали „останал без погон“ додека го напуштал пристаништето, а екипажот на бродот ги предупредил претставниците на Мериленд за можна несреќа, објави Еј-би-си Њуз, повикувајќи се на некласифициран извештај на американското разузнавање.

Утрово големиот мост Френсис Скот Ки се урна во реката откако во него удрил контејнерски брод. На мостот имало неколку возила, кои по уривањето на мостот завршиле во реката.

26.03.2024 - 14:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега