(ВИДЕО) Шукова до власта: Еве ви мерки за загадувањето - спроведете ги
„Борбата против загадувањето мора да стане приоритет на власта која целосно го игнорира и не презема никакви мерки.
Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик а ДПМНЕ да спие како власт, централна и локална.
Како опозиција ветуваа 1 милијарда евра инвестиции и намалување на загадувањето за 50%. Нема ништо од тоа. Од кредитот од Унгарија, вреден 250 милиони евра власта не намени ниту едно евро за да го намалат загадувањето на воздухот“, изјави екс министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на денешната прес-конференција.
„Како одговорна партија денеска СДСМ предлага нов сет на мерки, фокусирани на ингеренциите на локалните власти, општините. Дел од овие мерки успешно се реализираат во општините кои ги водат градоначалници од СДСМ, и сите се применливи.
- Општините да донесат Програми за субвенција за набавка на еколошки системи за затоплување во јавните објекти, субвенции за набавка на велосипеди, субвенции за чистење на оџаците, за набавка на топлински пумпи, сончеви колектори, инвертер клима уреди и други чисти технологии
- Да набават и да постават прочистувачи на воздух во сите градинки и општински училишта.
- Да инвестираат во филтри на прозорците на училиштата и градинките кои се непропустливи за штетните честички ПМ 10 и ПМ 2,5.
- Општините да им помогнат на социјално загрозените семејства при набавка на енергенс за затоплување – посебна Програма за субвенционирање.
- Да се спроведе план за интензивно зазеленување на јавните површини(по примерот на локалната власт во Скопје кога беа обезбедни нови 300.000 метри квадратни нови зелени површини во Град Скопје)
- Во Скопје конкретно, да се набават нови еколошки автобуси за Град Скопје. 25 пати не е донесена Одлуката за набавка на нови еко автобуси за Град Скопје на Совет затоа што советниците на ДПМНЕ гласаат против.
- Да се вршат редовни контроли на инсталациите со Б интегрирана дозвола и контроли на градилиштата, дали изведувачите спроведуваат мерки за миење на тркалата.
- Интензивно миење на улиците, редовно собирање на отпадот и чистење на дивите депонии од страна на јавните комунални претпријатија.
- Да се започне постапката за носење на Закон за комунална полиција, а не истиот да се користи како популизам.
- Локалните власти на граѓаните да набавуваат еколошко така наречено суво дрво за огрев“, изјави Шуков.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа