Познат мотивот за пукањето во училиштето во Финска

 


Мотивот за пукањето во училиште во предградие на Хелсинки, во кое беше убиено 12-годишно момче, бил злоставување, објави денеска финската полиција.

„При распитот осомничениот рече дека бил цел на злоставување, а оваа информација е потврдена и во полициската истрага“, соопштија од полицијата.

Знамињата беа спуштени на половина копје ширум Финска поради смртта на 12-годишно момче кое загина при пукање во училиште, за кое полицијата соопшти дека го извршил школски другар.

Две ученички од Виертола, исто така на возраст од 12 години, се тешко ранети во нападот во вторникот, соопштија болничките власти и полицијата. Нема новости за здравствената состојба на девојчињата.

Осомничениот е уапсен на околу четири километри од училиштето.

03.04.2024 - 16:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега