Close Menu
Press24
    Најново

    Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел

    03.08.2026 во 15:55

    Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син

    03.08.2026 во 15:39

    „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија

    03.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел
    • Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син
    • „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија
    • Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот
    • Избегната трагедија: Приведен пијан пешак на автопатот Гостивар–Тетово, шетал по коловозот и навредувал полицајци
    • УХМР со најнови податоци: Гевгелија и Велес ги соборија денешните температурни рекорди
    • Приведен 52-годишен стружанец: Навредливо се однесувал кон службени лица на прославата за 2 Август во Ташмаруништа
    • Тешко повредено 4-годишно дете од Скопје: Во него удрило возило со швајцарски таблички
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ирански политичар: Мора да бидеме подготвени за две до три години војна со САД

    Ирански политичар: Мора да бидеме подготвени за две до три години војна со САД

    15.07.2026 во 19:441 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Иран треба да биде подготвен и за повеќегодишен конфликт со Соединетите Американски Држави, порача иранскиот политичар Мохамед-Џавад Лариџани, брат на неодамна убиениот Али Лариџани, кој беше секретар на влијателниот ирански Совет за национална безбедност, пренесува ДПА.

    „Она што ја држи настрана заканата од војна е нашата целосна подготвеност да се одбраниме“, рече денеска Лариџани во интервју за државната телевизија.

    „Ако САД почувствуваат дека Иран е подготвен дури и за две или тригодишна војна, ќе сфатат дека (…) не треба да ја продолжат војната“, продолжи тој.

    Лариџани истакна дека земјата треба да ја зајакне својата економска отпорност во случај на долготраен конфликт.

    „Мора да се подготвиме за воена економија за да се зголеми отпорноста на населението“, повика политичарот.

    Семејството Лариџани важи за едно од највлијателните во Иран. Пред војната, Али Лариџани беше една од клучните личности во иранската политичка структура, сè до неговото убиство во израелски воздушен напад.

    Мохамед-Џавад Лариџани, кој важи за конзервативен политичар, веќе осум години е пратеник во иранскиот парламент, а неговата работа е главно насочена кон надворешната политика, наведува ДПА.

    Прочитај повеќе

    Внимателно зад воланот во Грција: Полицијата казнува и „кочење“ на сообраќајот

    03.08.2026 во 13:24

    Татко и две деца загинаа во пожар во куќа во Загорје, соседите претходно слушнале истрели

    01.08.2026 во 13:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.