Познат идентитетот на мажот кој вчера загина во сообраќајка на патот Струмица-Валандово

На 02.04.2024 околу 14:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Р 1401 Струмица-Валандово  товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот.

Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово.

Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.

03.04.2024 - 11:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега