Познат е последниот носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски ќе биде носител на листата во Изборната единица 5, неофицијално дознава Прес24.

Сајкоски на функцијата ген-сек е од 2020 година. Роден е во Кичево и е доктор на историски науки. Сајкоски е долгогодишен член на партијата и пратеник во сегашниот собраниски мандат.

Досега беа познати сите носители на пратенички листи. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски ќе биде носител во првата изборна единица, Владо Мисајловски во втората, во третата пратеникот Драган Ковачки. Прв на ливчето во „четвртоката“ ќе биде потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, додека во „шестката“ носителка ќе биде актуелната пратеничка Дафина Стојановска.

21.03.2024 - 17:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега