Вкупно 30 пожари на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие низ државата, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите од надлежните институции, во моментот нема активни пожари на територијата на земјава.

Противпожарните екипи успеале целосно да изгаснат 29 од евидентираните жаришта.

Единствениот пожар кој сè уште не е целосно ликвидиран е ставен под контрола. Станува збор за огнот меѓу селата Слатина и Грешница во општина Македонски Брод, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација.

Exit mobile version